6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКирил Лазаров: „Минатогодишното успешно издание на проектот Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“е...

Кирил Лазаров: „Минатогодишното успешно издание на проектот Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“е обвраска за сите нас оваа година да бидеме уште подобри“

kire kamp 00

Најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, минатиот јуни 2015-та година во организација на агенцијата КМГ Спорт го промовираше својот прв ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.

Кампот се одржа во хотелот Аквалина во Охрид, кој нуди прекрасни услови за ваков тип на настани, одалечен на 5 км од Охрид во мирната населба Св. Стефан на брегот на Охридското езеро. Иако беше планирана бројка од 120, поради големиот интерес на кампот учествуваа 150 момчиња и девојчиња на возраст од 10-18 години од Македонија, но и надвор од границите на нашата држава.

Изјава на Кирил Лазаров:

„Задоволството на сите учесници од организацијата на минатогодишното издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ на кое партиципираа 150 момчиња и девојчиња од Македонија се наметнува како обврска за сите нас што сме вклучени во овој проект, оваа 2016-та година да го подигнеме нивото на организација за едно скалило погоре.  Тука пред се мислам на подигање на условите за тренинг и развој, тренери и гости од  кои навистина ќе има што да се слушне и види како и во  делот на дружење и забава на учесниците. Подготовките се во полн ек, а од 1-ви февруари стартуваше и пријавувањето за учество на кампот кој оваа година е планирано да се одржи во две смени. Во иднина самиот камп ќе  го добие префиксот интернационален имајќи предвид интересот за учество на кампот од земји од сосоедството и цела Европа“.

Оваа 2016-та година  предвидено е кампот да биде интернационален и на него да патртиципираат 250-300 момчиња и девојчиња на возраст од 10-18 години од регионот но и пошироко, поделени во две смени и тоа:

  • Прва смена од 17 – 23 Јуни 2016 година,
  • Втора смена од 24 – 30 Јуни 2016 година.

Кампот како проект е планиран да биде еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот (во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон итн.) . Во период од седум дена секое лето најдобриот светски десен бек Кирил Лазаров, сегашни и бивши репрезентативци,  големи имиња од светот на ракометот и наједуцирани македински и европски тренери  ќе имаат свое место во мозаикот на ракометниот камп. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, едукативни предавања за здрава исхрана, дружење и многу забава.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП