5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХерем и Лакрабер од наредната сезона во ЖРК Вардар

Херем и Лакрабер од наредната сезона во ЖРК Вардар

heem---ppp

Норвежанката Камила Херем и Французинката Александра Лакрабер, од наредната сезона ќе го носат дресот на ЖРК Вардар, објави клубот на својата интернет страница. Херем е една од најдобрите ракометарки на светскиот првак Норвешка, таа беше втор стрелец во редовите на Норвежанките на последното Светско првеснтво со 38 гола на девет меча. Таа настапува на левата крилна позиција, додека Лакрабер ја засилува позицијата на десен бек во Вардар.

Левото крило Херем доаѓа од тимот на Холстебро, од Данска, зад себе има медали од Олимпијади, ЕП и СП. Последниот освоен беше златото на СП во Данска во декември 2015 година. За репрезентацијата на Норвешка има одиграно 174 настапи, постигнато 448 гола и освоено вкупно осум медали со репрезентацијата.

„Да имате можност да играте за Вардар е нешто што се почитува. Тоа е еден од најдобрите тимови во Европа во последниве години, а јас сѐ уште имам високи амбиции и за освојување титули и за личен напредок. Мојот агент и јас бевме во Скопје и бевме импресионирани од сите услови кои тимот ги нуди. Изгледа дека сѐ е овозможено за играчите да можат да се развиваат и да играат. Одвај чекам да се преселам во Скопје и да го запознаам градот и луѓето, особено фантастичните ракометни навивачи кои ги имате”, изјавила Херем за интернет страницата на клубот.

Александра Лакрабер е француска репрезентативка која настапува на десната бековска позиција, таа игра во Ница и во мометов е втор стрелец во француското првенство. И таа има искуство во Лигата на шампионите со екипата на Звезда Звенингород, а вкусот на медал на големите натпреварувања го почувствувала двапати, бронза на ЕП 2006 година и сребро на СП во 2011 година.

„Многу сум среќна и горда што имам можност да дојдам во Вардар. Според мене, Вардар е еден од врвните клубови во Европа, кој може да ја освои Лигата на шампионите. Зборував со моите пријателки кои играа во Вардар и ми кажаа колку професионален е клубот и дека неговите амбиции се совпаѓаат со моите”, рекла Лакрабер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП