13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏексон Мартинез се сели во Кина, Атлетико заработи 42 милиони евра

Џексон Мартинез се сели во Кина, Атлетико заработи 42 милиони евра

martinez j

Колумбиецот Џексон Мартинез го напушти Атлетико Мадрид и својата кариера ќе ја продолжи во Кина, во тимот на Гвангжу Евергранде.

Кинескиот тим за Колумбиецот плати 42 милиони евра, со што го собори трансфер рекордот во оваа земја. Мартинез ги минал лекарските прегледи и веднаш заминал за Дубаи, каде неговите нови соиграчи се наоѓаат на подготвки.

Колумбискиот репрезентативец со Гвангжу Евергранде потпиша четиргодишен договор. Мартинез (27) на почетокот на сезонава за сума од 35 милиони евра пристигна во Атлетико од Порто, но успеа да се вклопи во тимот, постигнувајќи само два гола на 15 натпревари во првенството.

Инаку, кинеските клубови, во зимскиот преоден рок беа исклучително активни, тие потрошија повеќе од 200 милиони евра, а покрај Џексон Мартинез во Кина ќе играат Фреди Гуарин, Жервињо и Рамиреш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП