24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо една деценија Exxon забележа најслаб профит за еден квартал

По една деценија Exxon забележа најслаб профит за еден квартал

exic

„Exxon Mobil Corp“ го објави најслабиот профит за еден квартал по повеќе од една деценија, пренесува „Ројтерс“. Компанијата соопшти дека ќе ги намали трошоците за 2016-та година за една четвртина и запира со откуп на акции, додека се обидува да се справи со долгиот пад на цените на нафтата.

Акциите на „Exxon“, најголемата нафтена компанија во светот која јавно се тргува, поевтинија за 2,2% во трговијата пред отворањето на пазарот до 74,50 долари, која беше погодена од падот од над 4% на цената на суровата нафта.

Цената на суровата нафта се намали за околу 70% од својот врв во 2014-та година од над 100 долари за барел. Сегашните цени од околу 30 долари за барел доведоа до бран на намалување на трошоците, бидејќи нафтените компании ги намалуваат инвестициите во нови бунари и проекти, за да заштедат средства.

„Exxon“ има намера да ги намали трошоците на околу 23,2 милијарди долари оваа година, што е за 25% помалку од 2015-та година.

„Иако финансиските резултати го одразуваат нашиот предизвик за животната средина, остануваме фокусирани на основите на бизнисот, вклучувајќи реализација на проекти и ефикасно управување на трошоците“, изјави претседателот и извршен директор Рекс Тилерман.

Во друг обид да се спасат средствата, „Exxon“ го запира планот за откуп на акции во првиот квартал. Во четвртиот квартал „Exxon“ купила 9,4 милиони акции за 754 милиони долари.

Нафтениот аналитичар Брајан Јангберг во „Edward Jones“ го опишува извештајот на компанијата како „релативно добар, особено во споредба со ужасните резултати на „ВР““. Тој забележува дека производството на Exxon на нафта и гас е подобро од очекуваното и дека таа ги подобри активности во оваа година.

Компанијата со седиште во Ирвинг, Тексас, „Exxon“ објави дека профитот за четвртиот квартал на годината се намалил до 2,78 милијарди долари, или 67 центи по акција, од 6,57 милијарди долари, или 1,56 центи по акција, за истиот период од претходната година. Профитот за четвртиот квартал од 2015-та година е најниска од септември 2002-ра година.

Просечната оценка на аналитичарите беше за профит од 63 центи по акција, посочувајќи „Thomson Reuters“.

„Exxon“ објави уште дека производството на нафта и гас се зголемило за 4,8% во истиот квартал поради повисокиот принос на сурова нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП