20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКоби како во славните денови

Коби како во славните денови

kobi 44

Коби Брајат го одигра најдобриот меч во тековната сезона, во кој потсети на своите славни денови, со 38 поени ја торпедираше Минесота и му донесе победа на ЛА Лејкерс 119:115.

Брајант, кој ја игра својата последна сезона во кариерата, против Минесота постигна 38 поени (3/10 за два, 7/11 за три), на кои придодаде по пет скокови и асистенции и две украдени топки. Лејкерси ја забележаа 10-та победа во 51-от натпревар оваа сезона. Поентерски учинокот на Коби го следеа Лу Вилијамс (20 поени) и Деанџело Расел (18 поени), а одличен меч одигра и центарот Џулиус Рендал (15 поени, 12 скокови).

Во тимот на Минесота шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен со 30 поени беше Ендрју Вигинс, додека шпанскиот плејмејкер Рики Рубио мечот го заврши со 10 поени и 15 асистенции.

Џејмс Харден постигна 26 поени и му овозможи на Хјустон триумф против Мајами 115:102, додека Ајзеа Томас со учинок од 20 поени и осум асистенции го предводеше Бостон до победата над Њујорк 97:89.

Портланд ја запиша петтата победа во низа. ’Пионерите’ славеа над Милвоки 107:95, а блескаше Си Џеј Мекалум со 30 поени.

Торонто, против Феникс, ја забележа 11-та победа на последните 12 натпревари. Ол Стар играчите на Торонто, Кајл Лаури (26 поени) и Демар Дерозан (22 поени) беа најзаслужни за триумфот 104:97.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП