16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСловенечки прволигаш пронашол фудбалер преку социјалните мрежи

Словенечки прволигаш пронашол фудбалер преку социјалните мрежи

somzale

Словенечкиот фудбалски прволигаш Домжале на необичен начин го започна купувањето на засилувања за продолжението на сезоната – преку оглас на социјалната мрежа Линкедин.

Тренерот Лука Елзнер одлучил да постави пост на страницата Линкедин, во кој вели дека неговиот клуб бара офанзивен десен бек, под услов да е од Европската унија, а му се јавиле дури 150 фудбалери од целиот свет. Словенците го избрале Шпанецот Алваро Браши, поранешен фудбалер на Бетис Б, Еспањол Б, Анортозис и Видеотон.

Словенците можеби започна и нов тренд во купувањето фудбалери, со оглед на големата популарност и достапноста на социјалните мрежи.

„Домжале е мал клуб и немаме пари за скапи фудбалери. Ни требаше десен бек, а бидејќи не го најдовме во Словенија, дојдовме до идеја да дадеме оглас на социјалните мрежи“, рече тренерот Елзнер, инаку син на поранешниот словенечки фудбалер Марко Елзнер.

Домжале инаку е третопласиран на табелата со осум бодови заостаток зад лидерот Олимпија од Љубљана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП