2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Хорнасек го напушти Феникс

НБА: Хорнасек го напушти Феникс

dzef horn

Раководството на Феникс Санс го разреши тренерот Џеф Хорнасек и на неговото место го назначија досегашниот асистент Ерл Вотсон. Вотсон е 17-от тренер во историјата на клубот од Аризона, а ова ќе му биде прва самостојна работа во НБА лигата.

Ерл Вотсон минатата сезона ја мина како асистент во NBDL лигата, во тимот на Остин Спарс. Тој има 13-годишно искуство како играч во НБА лигата, а кариерата ја заврши во дресот на Портланд.

Вотсон го завршил престижниот UCLA универзитет, а во НБА лигата играл за Сиетл, Мемфис, Денвер, Индијана и Јута.

Феникс, се наоѓа на 13-то место во Западната конференција со скор од 14 победи и 35 порази. Во моментов Феникс ја има втората најлоша серија во лигата, односно имаат само една победа на последните десет натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП