3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаратистите подготвени за настап на ЕП

Каратистите подготвени за настап на ЕП

karatisti

Македонските каратисти од 5. до 7.февруари ќе учествуваат на 43-то Европско првенство за кадети, јуниори и постари јуниори до 21 година, кое ќе се одржи во Лимасол на Кипар. На Европското првенство ќе учествуваат преку 940 натпреварувачи од 48 земји.

Македонските репрезентативци, според оценките на селекторите Александар Кузмановски (кадетско-јуниорска) и Арминд Усеини (У 21), се подготвени за настап на првенството, а неколкумина од нив ќе се вмешаат во борбата за медали во своите категории.

На прес конференцијата, по повод заминувањето на каратистите на ЕП, покрај селекторите Кузмановски и Усенини присуствуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и репрезентативците Моника Пендаровска, двократен европски медалист во кадетска и јуниорска категорија, младите надежи Столе Смилковски и Фаик Весели, како и бронзениот од последниот континентален јуниорски собир Виктор Крстевски кој годинава преминува во повисока категорија У21.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП