25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИмбула во Стоук, Нијасе во Евертон

Имбула во Стоук, Нијасе во Евертон

nise

Стоук Сити го реализираше трансферот на Џанели Имбула за сума од 18,3 милиони фунти. Стоук го собори клупскиот трансфер рекорд, а Имбула со тимот од „Британија“ стадионот потпиша петгодишен договор.

Имбула (23) е француски интернационалец, кариерата ја започнал во Генган, а на почетокот на сезоната од Марсеј се пресели во Порто за сума од 15 ,1 милиони фунти.

Оваа сезона, Имбула, одигра 21 натпревар за Порто, вклучувајќи ги двете средби со Челзи во Лигата на шампионите.

Поради трансферот на Имбула, Стоук, го врати во Челзи Ван Гинкел кој како позајмен настапуваше во тимот на Марк Хјуз. Челзи веднаш Ван Гинкел го испрати на позајмица во ПСВ Ајнховен.

Ново име во вториот дел од сезоната ќе има и во тимот на Евертон, тоа е Сенегалецот Умар Нијасе, кој на „Гудусон Парк“ дојде од Локомотив Москва. Евертон за трансферот на напаѓачот плати 13,5 милиони фунти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП