5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ без шанси против Црвена ѕвезда

МЗТ без шанси против Црвена ѕвезда

mzt-crvena

Црвена ѕвезда го победи МЗТ 92:79 (29:18, 19:22, 30:13, 14:26), во последниот натпревар од 22.коло во АБА лигата.

МЗТ немаше сили да му се спротивстави на актуелниот шампион во АБА лигата, но во последната четвртина успеа да избегне дебакл.

Црвена ѕвезда на овој меч настапи без Американците Таренс Кинзи и Квинси Милер, но и без нив успеа уште во првата четвртина да стекне двоцифрена предност.

МЗТ успеа во втората четвртина да фати некаков приклучок, но надежите на ‘металците’ за евентуална сензација ги уништи Мајк Цирбес, кој беше предводник на домашниот тим во третиот период кој заврши 30:13.

Во последната четвртина, тренерот на Црвена ѕвезда им даде шанса на помладите играчи, што МЗТ, најмногу преку Урош Луковиќ, го искористи да го ублажи поразот.

Доминираа во редовите на Црвена ѕвезда, Мајк Цирбес со 28 поени и 11 скокови, односно Василије Мицич со 12 поени и 12 асистенции.

МЗТ го предводеа браќата Луковиќ, Урош (20 поени, 9 скокови) и Марко (17 поени, 5 скока), а покрај нив двоцифрен беше уште Ѓорѓе Дреновац кој постигна 10 поени.

МЗТ во наредното коло, на 8.февруари, ќе го пречека лидерот на табелата тимот на Будуќност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП