17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Ѓоковиќ недопирлив на првото место

АТП: Ѓоковиќ недопирлив на првото место

nolica

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, со освоената шеста титула на Австралија Опен, ја задржа огромната предност којашто ја има над своите ривали.

На најновата АТП листа, Ѓоковиќ, има 16.790 бодови, 7.845 повеќе од второпласираниот Енди Мареј (8.945), против кого во недела триумфираше во финалето на Австралија Опен.

Следуваат Швајцарците Роџер Федерер (8.795) и Стан Вавринка (6.325), односно Шпанецот Рафаел Надал (4.880).

Во Топ 10 по Грен слемот во Австралија се случија две промени, Давид Ферер (4.325) од осмото се искачи на шестото место, на кое падна Томаш Бердих (4.200), седми остана Јапонецот Кеи Нишикори (4.235), додека Жо-Вилфред Цонга (2.905) на деветтото место го мина сонародникот Ришар Гаске (2.760).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП