11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТери летово ќе си оди од Челзи

Тери летово ќе си оди од Челзи

teri meri

Капитенот на Челзи, Џон Тери, по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“, откако клубот не му понудил нов договор.

Тери (35), кој во клубот пристигнал на 14-годишна возраст, со Челзи има освоено пет титули во Премиерлигата, пет трофеи во ФА купот и еден во Лигата на шампионите.

„Идаелно ќе беше да останам тука, но клубот реши поинаку“, рекол Тери.

Искусниот дефанзивец ги демантира медиумите дека заминувањето од Челзи ќе значи и крај за неговата кариера, истакнал дека ќе продолжи да игра, но не во Англија.

„Не би можел да играм за ниту еден друг клуб во Премиерлигата. Ќе играм надвор од Англија. Чувствувам дека можам да играм уште неколку сезони, само што тоа ќе го направам на некое друго место. Ниту еден играч не е поголем од клубот“, рекол Тери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП