3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал го декласира Еспањол

Реал го декласира Еспањол

real-meal

Реал го декласира Еспањол 6:0, во последниот натпревар кој се одигра во рамките на 22.коло во Примера. Реал, на домашен терен, забележа идентична победа против Еспањол како и на натпреварот, кој во првиот дел од сезоната се одигра во Барселона.

На „Сантијаго Бернабеу“, Кристијано Роналдо постигна три гола, а стрелци за Реал беа уште Бензема, Хамес Родригез и Гонзалес кој си постигна авто гол.

Реал победникот го реши во првите 15 минути од натпреварот кога Бензема погоди по асистенцијата на Родригез, потоа Роналедо реализираше пенал, а третиот гол го постигна Родригез. До крајот на полувремето Роналдо постигна уште еден гол.

Во финишот на второто полувреме Роналдо го комплетираше ‘хет трикот’, а Гонзалес со авто гол го постави конечниот резултат.

Реал и покрај победата остана на третото место на табелата, со бод помалку од Атлетико и четири бода помалку и натпреваро повеќе од водечката Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП