18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез Лазаров во идеалниот тим на ЕП, Ентрериос МВП

Без Лазаров во идеалниот тим на ЕП, Ентрериос МВП

lazarov-kirco

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, не е во најдобриот тим на 12-то Европско првенство, кое в недела, ќе заврши во Полска.

Лазаров, кој на шесте натпревари, кои ги одигра Македонија на првенството, постигна 42 гола (трет стрелец зад Ривера и Рајхман), добил најмногу гласови од номинираните за позицијата десен бек, но сепак стручното жири на ЕХФ реши дека признанието за треба да му припадне на Швеѓанецот Јохан Микаел Јакобсон.

Идеален тим на ЕП:

Најкорисен играч, МВП: Раул Ентрериос (Шпанија)

Голман: Андреас Волф (Германија)
Десно крило: Тобијас Рајхман (Германија)
Десен бек: Јохан Микаел Јакобсон (Шведска)
Среден бек: Сандер Сагосен (Норвешка)
Лев бек: Михал Јурецки (Полска)
Лево крило: Мануел Штрлек (Хрватска)
Пивот: Хулен Агинагалде (Шпанија)

Најдобар дефанзивец: Хенриг Јенсен Молгард (Данска).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП