20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите против Чешка во баражот за СП

Ракометарите против Чешка во баражот за СП

ehf---opop

Македонската ракометна репрезентација доби релативно тежок противник во баражот за пласман на Светското првенство, кое наредната година ќе се одржува во Франција.

Пласман на Мундијалот, најдобрите македонски ракометари ќе треба да изборат против селекцијата на Чешка, која не беше толку посакуван противник во баражот.

Првите бараж натпревари ќе се играат од 10 до 12.јуни, а реваншите од 14 до 16 јуни. Светското првенство кое ќе се одржува во Франција ќе започне на 11.јануари 2017 година.

Покрај домаќинот пласман на СП веќе изборија финалистите на ЕП, Шпанија и Германија, а на овие три селекции ќе им се придружи и третопласираната селекција од ЕП, Хрватска или Норвешка.

Бараж двојки за пласман на СП 2017:

Шведска-Босна и Херцеговина
Чешка-Македонија
Полска-Холандија
Русија-Црна Гора
Србија-Унгарија
Исланд-Португалија
Словенија-Хрватска/Норвешка
Белорусија-Латвија
Данска-Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП