26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГерманија шампион, Хрватска трета

Германија шампион, Хрватска трета

ggget

Германија ја декласира Шпанија 24:17 (10:6) и ја освои титулата на 12-то Европско првенство во ракомет, кое во неделата заврши во Полска. Третото место на ЕП и припадна на Хрватска која славеше над Норвешка 31:24 (15:11).

Неверојатна одбрана одиграа Германците во финалниот меч, која во комбинација со најдобриот голман на првенството Андреас Волф, има ја донесе третата титула Европски првак.

Цврсто на граница на исклучување, тоа беше рецептот со кој Германците ја спречија дистрибуцијата на топката на Шпанците, целосно го отсекоа од игра пикерот Агинагалде, а сето тоа во комбинација со брилијантниот голман Волф (16 интервенции) им ја донесе првата титула по пауза од 12 години, титула со која најавија враќање во светскиот врв.

Уште во воедниот дел на мечот Германците поведоа со 5:1, потоа со 6:2 и таа предност од четири гола ја одржаа до крајот на полувремето. Шпанците во првиот дел погодуваа на секој пет минути, а првиот гол од игра го постигнаа во 12-та минута.

Напредок во играта кај ‘фуријата’ немаше ниту во вториот дел, резултат не донесе и длабоката 5-1 зона, па Германците во последните десет минути влегоа со позитива од девет гола, која до крајот беше намалена на седум.

Покрај голманот Волф, блескаше кај Германците Хефнер, играчот кој беше повикан во тимот по повредата на Вајнхолд и кој го реши полуфиналето со Норвешка. Хафнер постигна седум голови.

Единствена светла точка кај Шпанците беше Штербик, кој имаше 11 одбрани, додека МВП-то на првенството, Раул Ентрериос со пет голови беше најефикасен.

Хрватска ја освои бронзата и избори директен пласман на СП во Фрнација, со триумфот над Норвешка 31:24.

Хрватите во првиот дел ко контролираа резултатот, во периодот од 13.до 20 минута со серија 5-0 создадоа предност од четири гола. Во вториот дел со серијата грешки Хрватите ја вратија Норвешка во мечот, но во последните десет минути голманот Стевановиќ со своите одбрани им овозможи на своите соиграчи неколку брзи голови, кои на Хрватска и ја донесоа бронзата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП