7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСЗО: Во последните 26 години бројот на гојазни деца порасна за 10...

СЗО: Во последните 26 години бројот на гојазни деца порасна за 10 милиони

fat

Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека бројот на гојазни деца од 1990 година до сега пораснал за 10 милиони.

Тврдат дека најмалку 41 милон деца помлади од пет години, во моментов во светот се гојазни.

Ова се податоци кои укажуваат на тоа дека може да се зголеми стапката на смртност доколку се земат во предвид здравствените проблеми кои се поврзуваат со дебелината, како болести на срцето и дијабетесот.

Извештајот препорачува усвојување единствена програма со која ќе биде дефинирана здравата храна, а намалено внесувањето на засладени сокови за децата и за адолесцентите.

„Преработената и енергетски збогатена храна и засладените пијалоци во големи порции и по пристапни цени, минимално се заменети со обработена храна и вода во многу училишта и семејства со светот“, се вели во извештајот.

Гојазноста во детството на глобално ниво има загрижувачки размери и претставува сериозен и итен предизвик.

„Дебелите деца имаат предиспозиции да останат гојазни до крајот на животот ставајќи се на тој начин во групата луѓе кои хронично заболуваат“, се заклучува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП