21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите ги дознаа противниците за предквалификацискиот турнир за ОИ

Ракометарите ги дознаа противниците за предквалификацискиот турнир за ОИ

ccc

Тунис е последната селекција која ќе игра во предолимписките квалификации во групата каде ќе се натпреварува и Македонија. Тунис, во саботата, загуби од Египет 19:21 во финалниот меч на Африканскиот куп, што значи дека Египќаните се пласираа на Олимписките игри, а Тунис ќе игра квалификации.

Македонија со освоеното деветто место на Светското првенство, минатата година во Катар, стекна право на настап на предквалификацискиот турнир. Противници на Македонија, во групата од која две селекции ќе играат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, покрај Тунис, ќе бидат и селекциите на Полска и Чиле.

Според имињата на противниците, јасно е дека ракометарите имаат историска шанса да станат првиот македонски национален тим кој изборил пласман на Олимписки игри. Чиле е аутсајдер во групата, а пред една година Македонија на СП лесно излезе на крај со Тунис.

Домаќинот на турнирот ќе биде дополнително одреден, но неофицијално тој ќе се игра во Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП