21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 30-31.01.2016

Викенд хороскоп 30-31.01.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате перфектно избалансиран однос помеѓу сопствените, туѓите и општите барања и можности. Контаките со околината ќе ви бидат одлични, особено добро ќе соработувате со вашите колеги. Ви препорачуваме тимска работа. Советите од некоја Вага одлично ќе ве насочат.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Немојте со другите да се однесувате онака како што не би сакале тие да се однесуваат со вас. Изгледа во последно време го правите токму спротивното. Опуштете се малку и насмејте се. Немојте во се да го гледате само негативното. Така и другите ќе го гледаат во вас она што не би сакале вие.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате мотиви и енергија да започнете со реализација на планови и идеи кои ги имате доста долго во умот и чија реализација секако ќе ви предизвика доста задоволства и среќа. Имате енергија и успешноста е правопропорционална со мотивите кои ве туркаат напред.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Бидете претпазливи во вложувањето пари и имот. Ви годи сознанието дека се наоѓате во центарот на вниманието, различните ситуации на вас дејствуваат мошне сериозно. Во зависност од личното интересирање или мотивација, одберете работа која носи најдобри резултати.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Оптеретени сте со евентуалните проблеми кои би можеле да се појават во соработката со колегите, можеби и со претпоставените. Сметате дека се многу неблагодарни за се што сте направиле за нив. Најсигурни ви се Јарецот и Девицата. Една Шкорпија се надева на вашата помош или на заедничка соработка.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе посакате да ја удавите тагата во добар алкохол. Немојте да бегате од реалноста. Ако денес не ви оди ништо како треба, немојте да паничите. Размислете што треба да промените. Не скокајте од една на друга работа, пред се направете план.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате можност да ги покорите сите пред себе. Духот ви е авантуристички, но и попрецизен од вообичаено па можно е да се нервирате доколку никој неможе да држи до вашето темпо. Оставете ги другите со своето темпо, додека вие се движите со полна снага напред.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се чувствувате како некој да манипулира со вас. Најверојатно некого сте процениле погрешно и сте го повредиле, па ви враќа на лош начин. Посветете се на вашите чуства за да не завршите повредени од некој кој не ви е важен.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Искористете го овој викенд за вас и посветете се на вашите сништа. Позади вашите желби и дела ќе стои голема енергија. Не морате да се воздржувате од ништо, дури не морате да мислите ни на последиците. Постапувајте така како што мислите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Немојте да се концентрирате само на негативни работи. Придржувајте се до едноставни работи и немојте претерано да мислите на последиците. Бидете важни и истражувајте. Немојте да дозволите другите да го водат вашиот живот наместо вас.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе ви биде потребен преведувач во комуникацијата со другите луѓе. Ќе ви биде тешко да донесете одлуки, но запомнете ништо не е невозможно. Вашата среќна ѕвезда ќе ве води низ секоја ситуација. Ќе се чуствувате неприфатено од другите. Ако ви е потребна помош побарајте ја јасно и гласно.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Со оптимизам гледате на некои случувања поради кои до вчера се нервиравте. Бидејќи наскоро ве очекува прослава, подгответе поголема сума пари. Не се потпирајте на соработниците, тие нема да ви помогнат, обидете се самите да го извлечете максимумот од неповолниот период во кој се наоѓате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП