Лаборал Куча забележа победа во Барселона, во шпанското дерби, кое се одигра во рамките на петтото коло, во Топ 16 фазата во кошаркарската Евролига.
Барселона, по едно продолжение, загуби од Лаборал Куча 78:81 и го запиша третиот пораз во Топ 16 фазата. Баскијците имаа предност во поголемиот дел од мечот, но Барселона преку Абринес успеа да се врати во натпреварот, имаше три поени предност на 11 секунди до крајот, но Адамс погоди тројка за продолжение.
Во продолжението гостите одграа многу поконцентрирано, помалку грешеа и стигнаа до победата. Буриси со 24 и Адамс со 16 поени ја предводеа Лаборал Куча, додека Абринес со 21 поен беше најефикасниот играч на Барса.
Група Е:
Црвена ѕвезда – Локомотив 80:66
Уникаха – Анадолу Ефес 75:85
Панатинаикос – Дарушафака 82:79
Фенербахче – Цедевита 86:73
Табела: Фенербахче 5/0, Ц.ѕвезда, Ефес, Локомотив 3/2, Уникаха, Панатинаикос, Цедевита 2/3, Дарушафака 0/5.
Група Ф:
Химки – Жалгирис 111:80
Барселона – Лаборал Куча 78:81
ЦСКА – Бамберг 91:70
Реал – Олимпијакос 84:72
Табела: Химки 4/1, ЦСКА, Реал, Лаборал 3/2, Барселона, Бамберг, Олимпијакос 3/3, Жалгирис 1/4.