ФИФА има ја укина суспензијата на мадридските клубови Реал и Атлетико, која им ја изрече поради кршењето на правилата околу трансферите на малолетните фудбалери.
Комисијата за жалби на ФИФА, привремено им ја укина суспензијата на Реал и Атлетико и таа ќе важи само за престојниот летен преоден рок.
Првично, ФИФА им забрани за трансфери на мадридските тимови до јуни 2017 година, со исклучок на актуелниот преоден рок.
Според упатените Реал и Атлетико нема да минат без казни, а какви ќе бидат ќе се дискутира дури по завршувањето на сезоната.