9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска 2016: Хафнер ја однесе Германија во финалето

Полска 2016: Хафнер ја однесе Германија во финалето

xxx

Германија ќе игра во финалето на 12-то Европско првенство во ракомет, откако го доби полуфиналниот трилер против Норвешка 34:33 (14:13, 27:27). Натпреварот во продолжението го реши Хафнер кој постигна гол на пет секунди до крајот на мечот.

Германија и Норвешка одиграа меч каков му прилега на едно полуфинале, најчесто се менуваа во водството, а ниту еден тим немаше предност поголема од четири гола.

Норвешка имаше можност да го реши победникот во регуларниот дел, но при водство 26:27, во последната минута лошо го организираа својот напад, а на Германците продолженија им донесе Дамке со голот постигнат на 15 секунди до истекот на времето.

Двете репрезентации се менуваа во водството и во продолженијата, на влез во последната минута Норвешка израмни Реинкинд, но сништата дека ќе има уште едно продолжение им ги уништи Хафнер.

Германија до победата ги предводеше Рајхман со десет голови, без промашување, а Кун и Хафнер постигнаа по пет гола. Кај Норвешка прво име беше голманот Еревик со 16 одбрани, а стрелците ги предводеа Бјорнсен со осум и Мирхол со пет гола.

Инаку, во петокот на ЕП се одиграа и натпреварите за пласман од петтото до осмото место. Франција го освои петтото место со триумфот над Данска 29:26. Конку со осум и Сораиндо со шест голови беа најефикасни кај Французите, додека кај Данците се истакна Кристијансен со седум голови.

Седмата позиција ја освои домашната селекција на Полска со триумфот над Шведска 26:24. Крајевски и Кониц беа стрелци на по пет голови за Полска, а ист број погодоци за Шведска постигна Нилсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП