27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенербахче: Антиќ ќе паузира три, а Слукас шест недели

Фенербахче: Антиќ ќе паузира три, а Слукас шест недели

antic slukas 00

Фенербахче скапо го плати триумфот над Цедевита (86:73), во петтото коло од Топ 16 фазата, во кошаркарската Евролига.

Турскиот тим на овој натпревар остана без двајца значајни играчи во ротацијата, поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ и репрезентативецот на Грција, Костас Слукас.

Како што соопшти клубот, Антиќ го повредил мускулот и ќе отсуствува од терените во наредните три недели, додека двојно поголема пауза го очекува Слукас поради повреда на стапалото.

Фенербахче е единствената екипа во досегашниот тек од Топ 16 фазата со максимален ефект, а во наредното коло ќе му гостуваат на градскиот ривал Анадолу Ефес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП