17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал за рекордна сума ќе остане со Адидас

Реал за рекордна сума ќе остане со Адидас

real-madrid adidas

Реал Мадрид и компанијата Адидас се блиску до постигнување на продолжување на договорот, што би бил рекорден спонзорски договор во светот на спортот. Според информациите, двете страни ќе се обврзат на десетгодишна соработка.

Инаку, според клузулите кои ќе бидат вметнати во договорот, во зависност од успесите кои ќе ги постигне клубот, Реал максимално ќе може да инкасира 140 милиони евра за една година.

Клаузулите се однесуваат на освоените титули, односно оние највредните: Лигата на шампионите, домашното првенство, Суперкупот на УЕФА…

Доколку двете страни се согласат на условите, тогаш овој спонзорски договор ќе биде најголем во историјата на спортот. Манчестер Јунајтед, минатата година потпиша договор со истата компанија, кој на годишно ниво му носи 98 милиони евра.

Адидас го спонзорира и Баерн Минхен, тој договор годишно ‘тежи’ 80 милиони евра.

Далеку зад овие три клуба, според договорите се Челзи, кој од Адидас добива 39 милиони евра и Арсенал кој од Пума заработува исто така 39 милиони евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП