18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНемања Видиќ објави крај на кариерата

Немања Видиќ објави крај на кариерата

70585153456952e5d81124484025168_w640

Поранешниот српски репрезентативец, Немања Видиќ, стави крај на својата кариера, објавија неговите поранешени клубови Црвена ѕвезда и Манчестер Јунајтед на своите интернет страници.

Видиќ неодамна го раскина договорот со Интер, тој имаше неколку понуди од други клубови, но решил во 34 година од животот да се пензионира.

Видиќ е роден на 21.октомври 1981 година во Ужице, на 15-годишна возраст се сели во Белград, каде станува дел од младинскиот тим на Црвена ѕвезда. Дебито за првиот тим го има во 2000 година.

За Црвена ѕвезда одиграл 67 натпревари, постигнал 12 голови и освоил три трофеи.

„Дојде време да заминам во пензија. Повредите кои ги имав во последните неколку денови го зедоа своето. Им благодарам на сите играчи со кои играв и на сите тренерисо кои работев. Голема благодарност до навивачите за подршката која ми ја даваа низ годините“, изјавил Видиќ.

Видиќ од Црвена ѕвезда замина во Спартак Москва, а потоа играше за Манчестер Јунајтед и Интер. Најголемите успеси ги постигнал како играч на Манчестер Јунајтед, со кого во 2008 година ја освои и Лигата на шампионите.

Со Манчестер Јунајтед, исто така, освои пет титули во Премиерлигата и по три во Лига купот и ФА купот.

За српската репрезентација, со која учествуваше на СП во 2010 година, има одиграно 56 натпревари.

„Јас не го живеам сонот, туку ги живеам своите цели и амбиции. Сонот го проживеав на „Маракана“. Како дете не го сонував дресот на Манчестер или Реал, туку сонува да го носам дресот на Црвена ѕвезда, да ја носам капитенската лента и да постигнам гол против Партизан. И тоа го остварив! Да повторам Црвена ѕвезда е сон, а Манчестер е докажување, професионализам…“, рекол Видиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП