21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСевилја и Валенсија во полуфиналето на Купот

Севилја и Валенсија во полуфиналето на Купот

севиви

Севилја и Валенсија ја комплетираа листата на учесници во фудбалскиот Куп на Шпанија (Куп на Кралот). Двете екипи им се приклучија на Барселона и Селта кои во средата се пласираа во полуфиналето.

Севилја и пред четвртфиналниот двомеч беше фаворит против Мирандес, а улогата ја оправда и на теренот, минувајќи го вторлигашот со вкупно 5:0.

По победата од 2:0 во првиот меч, Севилја како гостин славеше над Мирандес со 3:0. Ибора погоди од пенал во првото полувреме, а судбината на второлигашот ја запечатија Муњос и Коке со головите во второто полувреме.

Севилја шести пат во последните десет години ќе игра во полуфиналето на Купот, поуспешна од тимот од Андалузија е само Барселона која во последната деценија девет пати играла во полуфиналето.

Лас Палмас не успеа да ја елиминира Валенсија, иако од првиот меч на гостински терен имаше поволен резултат 1:1. Валенсија, во реваншот, победи со 1:0, со голот на Родриго постигнат во 20.минута.

Триумфот над Лас Палмас беше само четврти за Валенсија со Гери Невил како прв тренер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП