4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолскиот селектор поднесе оставка, ќе работи во Уганда

Полскиот селектор поднесе оставка, ќе работи во Уганда

Polska - Bialorus

Ракометната репрезентација на Полска остана без селектор, откако Михаел Биглер, поднесе оставка по дебаклот против Хрватска (23:37). Полска која планираше медал на ЕП на кое е домаќин, на крајот го освои четвртото место во Групата 1 и ќе се бори за пласман на седмото место.

„Јас и само јас сум одговорен за овој пораз. Жал ми е за навивачите. Едноставно не одигравме вистински против Хрватска. Имавме сé што ни беше потребно, но јас сум тој кој потфрли. За мене ова е најтешкиот пораз во кариерата“, рекол германскиот стратег.

Билгер на чело на полската селекција застана пред четири години, а најголемиот успех го оствари пред една година кога на СП во Катар го освои бронзениот медал.

Германецот кој претходно го напушти и тимот на Хамбургер, откако клубот замина во стечај, веднаш најде нова работа. Биглер во иднина ќе работи во Уганда, каде го испраќа Светската ракометна федерација, со цел во оваа земја да ги ‘удри темелите’ за брз развој на ракометот.

По оставката на Биглер, полските медиуми шепкулираат дека негов наследник ќе биде Талант Душебаев, тренерот на Киелце и селектор на Унгарија. Душебаев со Унгарците не се прослави на ЕП, во шест средби забележа само една победа (Црна Гора) и пет порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП