24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКопа Италија: Јувентус на чекор до финалето

Копа Италија: Јувентус на чекор до финалето

juce

Фудбалерите на Јувентус се на чекор до пласман во финалето на италијанскиот Куп, откако во првиот полуфинален натпревар го совладаа Интер со 3:0.

Јувентус во „Дербито на Италија“, целосно го надигра и ја продлабочи кризата кај Интер.

Два гола постигна Алваро Мората, првиот од пенал, а вториот со фантастичен волеј. Меѓу стрелците, во финишот се запиша и Паоло Дибала кој ја продолжи гол серијата.

Интер мечот го заврши со играч помалку, откако во 74.минута Муриљо беше исклучен поради вториот жолт картон.

Реваншот во Милано ќе се одигра на 2.март, откако ден претходно својот реванш ќе го одиграат Милан и Алесандрија. Милан, во вторникот, во првиот меч победи со 1:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП