3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска во шок, Хрватска во полуфинале

Полска во шок, Хрватска во полуфинале

pol-hrv

Хрватска и Шпанија им се придружија на Норвешка и Германија во полуфиналето на 12-то Европско првенство во Полска. Хрватите направија вистинско чудо во Краков, ја декласираа Полска 37:23 и изборија полуфинале против Шпанија, која не дозволи изненадување против Русија и славеше со 25:23.

Хрватите во Краков го одиграа веројатно најдобриот меч во својата ракометна историја, меч кој ќе влезе не само во ракометните анали, туку и во историјата на модерниот спорт.

Откако Франција загуби од Норвешка, на Хрватите само победа од најмалку 11 голови разлика им обезбдуваше полуфинале на ‘коцкестите’. Во ова сценарио никој не веруваше, со исклучок на хрватскиот селектор Бабиќ и неговите избраници.

Хрватите, пред 15.000 навивачи во Краков и милионскиот ТВ аудиториум одржаа час модерен ракомет, шокирајќи ја домашнта селекција.

Исклучително подвижната 5-1 зона и голманот Стевановиќ ја направија разликата во првото полувреме. Таквата дефанзива на Хрватите им донесе многу лесни голови од противнапади каде предничеше Штрлек.

Пет голови предност имаа Хрватите на полувремето, а чудото го најавија во првите десет минути од второто полувреме, кога со ссерија од 7:0 стигнаа до предност од 22:10.

Имаа Хрватите во 46.минута и максимални 30:13, Полска се обиде но не успеа да се врати од шокот.

Овој резултат ја смести Хрватска на второто место на табелата зад Норвешка, а Полска е четврта и наместо планираниот медал ќе се бори за седмото место.

Хрватска немаше слаба точка во својот состав, стрелците ги предводеше Штрлек со 11 голови, пикерот Мариќ постигна седум, додека Дувњак имако погоди само еднаш имаше неверојатни 12 асистенции. Блескаше на голот Стевановиќ со 14 интервенции.

Шпанците имаа проблеми со Русија, беа во негатива на полувремето (11:12), но во вториот дел ‘фуријата’ успеа да стигне до толку посакуваната победа, со која го освои првото место во Групата 2.

Ривера со 11 и Томас со шест гола ја предводеа Шпанија, а кај Русите најефикасни беа Дибиров со пет и Атман со четири гола.

Полуфиналните натпревариќе се одиграат во петок, од 16 часот Норвешка-Германија и од 18:30 Шпанија-Хрватска.

Група 1: Македонија-Белорусија 29:30, Франција-Норвешка 24:29, Хрватска-Полска 37:23

Табела: Норвешка 9, Хрватска 6, Фрнација 6, Полска 6, Белорусија 2, Македонија

Група 2: Шведска-Унгарија 22:14, Германија-Данска 25:23, Русија-Шпанија 23:25

Табела: Шпанија 8, Германија 8, Данска 7, Шведска 4, Русија 3, Унгарија 0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП