10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска 2016: Франција и Данска шокирани од Норвешка и Германија

Полска 2016: Франција и Данска шокирани од Норвешка и Германија

geroger

Најголемите фаворити за освојување на златниот медал на 12-то Европско првенство во ракомет, Франција и Данска само чудо може да ги однесе во борбата за медали, откако ги загубија натпреварите против Норвешка (Група 1), односно Германија (Група 2). Ова е епилогот од натпреварите Норвешка-Франција 29:24 и Германија-Данска 25:23.

Норвешка, против бранителот на титулата Франција, уште еднаш презентираше зошто е најголемото изненадување во досегашниот тек од првенството, додека Германија го потврди враќањето на големата сцена.

Норвешка и Германија изборија полуфинале, Франција има некакви шанси да стигне до позиција која води во борба за медали, а Данците ќе одат во борбата за медали само доколку Шпанија не ја победи Русија. Франција ќе биде втора во Групата 1, само доколку Хрватска ја совлада Полска со пет до десет голови разлика.

Норвешката селекција одигра уште еден брилијантен меч и по победите над големите фаворити Хрватска и Полска, на колена го фрлија и актуелниот европски, светски и олимписки првак Франција.

Само во првите 15 минути Франција ја контролираше играта и тоа благодарение на голманот Омејер, потоа Норвежаните се разбудија, го фатија вистинскиот ритам во нападот и поведоа со еден гол на полувремето.

Во второто полувреме проработе и норвешката одбрана, бековите во нападот го подигнаа процентот на реализација на што Фрнацузите немаа одговор.

Тонесен со шест и Бјорнсен со пет гола на предводеа Норвешка до првото место во Групата 1, додека кај Фрнација најефикасни беа Нарсис со седум и Гигу со пет гола.

Голема победа со кое го потврдија враќањето на големата сцена забележаа и Германците над Данска 25:23. Германија одигра одлично второ полувреме, кое го доби со 13:10 за конечен триумф 25:23 и пласман во полуфиналето.

Фет постигна шест, Виде пет, а Рајхман четири гола за Германија, додека кај Данска се истакнаа Хансен со седум и Егерт со шест голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП