21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска 2016: Македонија со пораз го заврши ЕП

Полска 2016: Македонија со пораз го заврши ЕП

kirco

Македонската ракометна репрезентација со пораз го заврши настапот на 12-то Европско првенство и во конечниот пласман ќе се најде на 11-то место. Македонија, во последниот меч во Групата 1, загубија од Белорусија 29:30 (13:14).

Македонија без победа, со едно реми и пет порази го заврши настапот на ЕП во Полска. Ако поразите од Франција и Полска во првата фаза беа калкулирани, ако во втората фаза, поради заморот Хрватска лесно славеше, за поразот против Белорусија ракометарите не можат да имаат никаков изговор.

Белорусија, десеткувана настапи против Македонија, во ротацијата со само деветмина, но и тоа и беше доволно да ја победата анемичната македонска репрезентација.

Дека Белорусите повеќе ја посакуваат победата беше видливо од самиот почеток, кога поведоа со три гола разлика, максимално користејќи ги ‘дупките’ во нашата одбрана.

Чудна беше и талтиката на почетокот на селекторот Обрван, кој започна без стандардните Манасков и Георгиевски, со Ојлески и Митков.

Одбраните на Ристовски ја држеа Македонија во игра во првиот дел, но поради техничките грешки и лошата игра во нападот Македонија не успеа да направи сериозна предност во моментите кога го презеде водството.

Летаргично Македонија го започна второто полувреме, кога на противникот му дозволи да постигне четири гола во серија, а набргу потоа Белорусија стигна и до максималната предност од шест гола.

Во последните 15 минути ‘црвено жолтите’ се обидоа да го избегнат поразот, стигнаа до израмнување, но Белорусите ги одбија тие напади и на крајот заслужено стигнаа до победата, втора на ова ЕП, со која го избегнаа последното место во Групата и во конечниот палсман ќе го освојат 10-то место.

Борко Ристовски со 16 одбрани беше најдобриот игра на нашиот тим, а веднаш до него е Кире Лазаров кој постигна 10 голови.

Пуховски, во отсуство на Рутенка и Шилович, ги предводеше Белорусите со 11 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП