26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаониќ последен полуфиналист на АО

Раониќ последен полуфиналист на АО

Raonic

Милош Раониќ ќе му биде противник на Енди Мари во полуфиналето на Австралија Опен, откако во четвртфиналето славеше над Гаел Монфис со 3:1 (6:3, 3:6, 6:3, 6:4). Полуфиналето во Мелбурн е второ за Раониќ на некој од Грен слем турнирите, откако пред две години играше во полуфиналето на Вимблдон.

Канадскиот тенисер, кој е роден во Подгорица, против Монфис одигра мирно, без притисок, ја диктираше играта и сосема заслужено го порази луцидниот Монфис, кој повоторно одигра неколку спектакуларни поени.

Раониќ и Мари својот полуфинален меч ќе го одиграат в петок, од 9:30 часот по средноевропско време. Ден претходно, во истиот термин, во првото полуфинале ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП