12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМари преку Ферер до полуфиналето на АО

Мари преку Ферер до полуфиналето на АО

4096

Енди Мари преку Давид Ферер стигна до полуфиналето на Австралија Опен, каде ќе игра против победникот од четвртфиналето помеѓу Гаел Монфис и Милош Раониќ. Мари, во Мелбурн, ја забележа четвртата победа во петтиот дуел со Ферер.

Мари до триумфот над упорниот Шпанец стигна во четири сета (6:3, 6:7, 6:2, 6:3) по 199 минути игра.

Еден брејк му беше доволен на Британецт да го добие првиот сет. Во вториот се водеше голема борба, двајцата имаа можност за брејк, откако не го сторија тоа се влезе во тај брејк, во кој пресуди подобрата концентрација на Ферер, кој израмни на 1:1 во сетови.

Третиот и четвртиот сет во целост му припаднаа на Мари, кој доминираше на теренот и заслужено се пласираше во полуфиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП