20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНова слаломска победа за Кристоферсен

Нова слаломска победа за Кристоферсен

kristofersen11

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен ја продолжи победничката низа во слалом, во Светскиот куп. По победите во Венген и Китцбил, младиот Норвежанец победи и во Шладминг и ја забележа својата шеста победа сезонава. Кристоферсен, сезонава не успеа да победи само на слаломот во Санта Катерина.

Норвежанецот во Шладминг славеше пред Марсел Хиршер и минатогодишниот победник Александар Хорошилов од Русија.

Кристоферсен по првата трка беше трет, но второпласираниот Италијанец Стефано Грос со серија грешки на крајот го освои шестото место, додека првопласираниот Германец Феликс Нојројтер не ја заврши втората трка.

Вистински херој во Шладминг е Хиршер, кој по првата трка беше 22-ри, но со неверојатно возење во втората трка стигна до второто место.

Хиршер со бодовите од Шладминг се врати на првото место во генерланиот пласман во Светскиот куп со 969 бодови, втор е Аксел Лунд Свиндал со 919, но тој се повреди во неделата во Кицбил и ја заврши сезоната.

Во поредокот во слалом, лидер е Кристиферсен со 680 бодови, пред Хиршер кој има 500.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП