23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска 2016: Без победник во скандинавското дерби

Полска 2016: Без победник во скандинавското дерби

spspsps

Шпанија славеше над Унгарија 31:39, а Данска и Шведска одиграа 28:28, во претпоследното коло на Европското првенство во ракомет во Групата 2. Шпнаците и Данците останаа најсериозни кандидати за пласман во полуфиналето од оваа група.

Шпанците потешко од очекувањата славеа над Унгарија која е единствената репрезентација во групата без освоен бод. Одлично играа Унгарците во првиот дел, на моменти имаа предност од три гола, но Шпанците стигнаа да израмнат до крајот на првиот дел.

Шпанците за нијанса подобро одиграа во второто полувреме и таа игра на крајот има ја донесе победата.

Валеро Ривера беше најефикасен кај Шпанците со пет гола, по четири постигнаа Ентрериос, Антонио Гарсија, Канељас и Виктор Томас. Вардаровите играчи Душебаев и Македа мечот го завршија со три односно еден гол.

Унгарија ја предводеше Ласло Наѓ со девет голови и 100 отсотна реализација, а пет гола постигна Корнел Наѓ.

Скандинавскиот дуел донесе одличен ракомет и реми (28:28) како конечен резултат. Шведска подобро отвори, благодарение на агресивната 4-2 одбранам, но Дансите бергу најдоа решение за таа зона и во 26.минута стекнаа предност од пет гола (14:9).

До крајот на полувремето Швеѓаните одговрија со серија 1:4, за минус два на полувреме (13:15).

Данците речиси рутински ја одржуваа предноста од два до четири гола во поголемиот дел од вториот дел, но и беше забележливо дека не форсираат бидејќи во среда ги очекува мечот со Германија.

Упорните Швеѓани ја искористија резервираноста на Данците и на осум секунди до крајот стигнаа до бод со голот на Захрисон.

Дамгард постигна седум голови, Хансен пет, а Менсах и Егерт по четири гола за Данска, додека тројца играчи на Шведска (Захрисон, Јакбсон и Нилсон) по пет пати ги совладаа данските голамани.

Во среда ќе се одигра последното коло во двете групи.

Група 1: Македонија-Белорусија, Франција-Норвешка, Хрватска-Полска

Табела: Норвешка 7, Фрнација 6, Полска 6, Хрватска 4, Македонија 1, Белорусија 0

Група 2: Шведска-Унгарија, Германија-Данска, Русија-Шпанија

Табела: Данска 7, Германија 6, Шпанија 6, Русија 3, Шведска 2, Унгарија 0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП