9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталијанските клубови осомничени за затајување на данок

Италијанските клубови осомничени за затајување на данок

fudbal novac-600

Италијанската финансиска полиција истражува 35 клубови од првата и втората лига поради наводно затајување на данок. Обвинителството во Неапол, соопшти дека бил издаден налог за заплена на имот вреден повеќе од 12 милиони евра и дека под истрага се и високи функционери на Милан, Лацио и Наполи.

Обвинителството во Неапол ја чешла работата на 58 лица кои се вклучени во работењето на фудбалските клубови. Фудбалските клубови Милан и Наполи одбиле да ги коментираат овие наводи, додека од Лацио изјавиле дека воопшто не знаеле дека постои некаква акција на обвинителството.

Меѓу осомничените во „Операцијата Офсајд“, како што е наречена операцијата, се наоѓаат претседателите на Милан и Лацио, Де Лаурентис и Лотито, потпретседателот на Милан, Галијани, како и сопствениците на Палермо, Џенова и Фиорентина: Зампарини, Прециози и Дела Вале.

Исто така меѓу осумничените има активни и поранешни фудбалери кои настапувале во Италија, меѓудругите на листата се наоѓаат имињата на Креспо, Јанкуловски, Муту, Имобиле, Диего Милито, Ночерино, Херман Денис, Лавеци…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП