19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda Active Life - автомобил за велосипедисти (фото+видео)

Honda Active Life – автомобил за велосипедисти (фото+видео)

ci life 00

Јапонската компанија „Honda“ откри специјализиран модел, главно наменет за велосипедистите. Тој се нарекува „Active Life“ и во моментот е само концепт.

ci life 01

Прототипот е базиран на „Civic Tourer“ и нуди како многу простор за патниците, така и за багажот. Најпрепознатлива црта сепак е товарниот простор, наменет за два велосипеда. Корисна карактеристика во просторот на багажникот е шината која може да се ротира и се користи и за придржување на велосипеди надвор од возилото за време на поправка.

ci life 03

Покрај овој практичен механизам, од „Honda“ размислувале за возење ноќе, па монтирани се големи светилки за поправки, како и компресор за воздух. На покривот има кутија за опрема и дополнителни елементи како шлемови и штитници, а во самиот автомобил- склопувачка клупа.

ci life 02

Надворешноста на „Active Life Concept“ е во сино, а во долниот дел бојата е прелева кон сива. 18-инчните тркала се насликани во сјајна црна боја и се потцртани од лајсни од алуминиум.

ci life 04

Користена за надворешноста, сината боја наоѓа место и во внатрешноста. Во оваа боја се воланот и тапацирот.

Прототипот на моделот не е случаен. Ви напомнуваме дека брендот е еден од генералните спонзори на настанот „Triathlon 2016“, каде и ќе биде прикажан „Active Life“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП