26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАО: Ѓоковиќ максимален против Нишикори

АО: Ѓоковиќ максимален против Нишикори

nokica 00

Новак Ѓоковиќ го совлада Кеи Нишикори со 6:3, 6:2, 6:4 и се пласира во полуфиналето на Австралија Опен. Бранителот на титулата ја запиша шестата победа, во осмото соочување со најдобриот jапонски тенисер.

Ѓоковиќ и Нишикори не блескаa во четвртфиналето, напротив двајцата одиграа лошо, а на крајот пресуди психичката подготвеност и искуството на Ѓоковиќ, кое најдобро се манифестираше во третиот сет кога Нишикори стекна предност 1:3.

Ѓоковиќ имаше проблеми со првиот сервис, одигра премногу пасивно, но одигра добро кога тоа му беше најпотребно. Србинот реализираше шест од 11-те брејк топки, што покрај односот на неизнудени грешки, беше клуч на неговата победа.

Јапонецот, од друга страна се обиде да одигра агресивно, но направи премногу грешки, двојно повеќе од Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер, во првите два сета во вистинско време му го одземаше сервисот на противникот, што му даваше дополнителен комодитет во играта.

Стартот на третиот сет донесе фестивал на брејкови, а иако Нишикори беше тој кој прв му го одзеде сервисот на противникот, тоа не успеа да го материјализира.

Првиот носител мечот го заврши со 22 директни поени и 27 неизнудени грешки, додека тој однос кај Нишикори беше 31/54.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Роџер Федерер, кој претходно исто така со 3:0 го совлада Томаш Бердих.

Полуфиналето во Мелбурн ќе биде 45-ти дуел помеѓу Ѓоковиќ и Федерер, двајцата имаат по 22 победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП