
Овој будилник не престанува се додека не стапнете со двете стапала на него! Со уредот бидете сигурни дека нема повторно да се успиете повторно.


Овој будилник не престанува се додека не стапнете со двете стапала на него! Со уредот бидете сигурни дека нема повторно да се успиете повторно.
Дизајниран од Винсон Там и тим на претприемачи базирани во Ванкувер и Хонг Конг, „Ruggie“ е аларм-часовник кој е чувствителен на приситок и кој ве принудува да станете од креветот. Будилникот, кој ја нема опцијата „snooze“, бара од вас да станете од креветот со двете стапала и да почекате 3 секунди.
Можете да нарачате ваков уред од „kickstarter“ за цена од 59 долари, а подоцна цената на „Ruggie“ ќе изнесува 99 долари.
Винсон Там го измисли „Ruggie“ поради неговото лично искуство со „over snoozing“. Секое утро било „битка“: топлиот удобен кревет, ладниот под, желбата да продолжи со сонување. Па така тој го креирал „Ruggie“ за да си помогне себеси и на другите за да станат од кревет и да бидат повеќе продуктивни.