21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕSENSCIENCE VITALOCK-6 од SHISEIDO, најнапредна технологија за нега на вашата коса

SENSCIENCE VITALOCK-6 од SHISEIDO, најнапредна технологија за нега на вашата коса

aaa

Не постои производ за коса што го немате пробано, а вашата коса пак е заплеткана, сува, испокината, разлетана на сите страни? Се гледате во огледало и ви се плаче. Страшило. Си мислите како е можно манекенките на рекламите за овие производи да имаат така здрава и сјајна коса, зарем не користите ист производ?  За сите оние што заборавиле или се прашуваат како изгледа вистински здрава коса, одговорот на ова прашање е Senscience Liquid Luxury, сега достапна во елитните фризерски салони ширум Македонија.

Senscience Liquid Luxury е колекција за нега на коса специјално создадена од страна на јапонската Shiseido Laboratories, развиена со најнапредната технологија за нега на коса која постои во моментов, овозможувајќи им на професионалните стилисти се што им е потребно за луксузна и здрава коса на нивните клиенти со совршен краен резултат.

aac

Она што го издвојува Senscience од останатите производи за нега на коса е нов, иновативен концепт за нега на косата – имитација на клеточната хемија на здравата коса на ист начин на кој што тоа беше направено и во индустријата за нега на кожа. Како што колагенот претставува „лепак“ кој го одржува здрав епидермисот на кожата, така и влакното содржи природна течност која се нарекува комплекс на клеточна мембрана (Cellular Membrane Complex) којшто ги врзува заедно суштинските елементи на едно здраво влакно коса. После повеќе години на обемни истражувања, Shiseido Laboratories создадe научна копија од овој комплекс кој претставува балансирана комбинација од 63% протеини и 37% масти кои пенетрираат во внатрешноста на влакното за да и дадат на косата исклучителна виталност и флексибилност.

Senscience Vitalock-6 комплексот во оваа линија на производи ја вклучува оригиналната технологија со моќен спој на докажани состојки како антиоксиданси, витамини, минерали, шеќери, масти и протеини кои работат во синергија за да ја обноват, потхранат и зацврстат косата однатре и да ја направат поздрава и полесна за средување и обликување од кога било претходно. Со користење на овие производи, силата и енергијата на косата се зајакнуваат однатре, правејќи ја поотпорна, поеластична и пофлексибилна. Здравјето на косата и поубавиот изглед лесно се забележуваат уште по првата употреба на Senscience производите за нега на коса.

aab

Производите од оваа колекција кои вклучуваат најразлични шампони, маски и регенератори можат да се користат во повеќе комбинации, давајќи му целосна креативност и слобода на стилистот, а на клиентите изглед кој од секогаш го посакувале, но нивната коса никогаш не била доволно добра за тоа.

aac

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП