27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал понудил оставка, Вудворд ја одбил

Ван Гал понудил оставка, Вудворд ја одбил

_87927504_lvgpa

Луј ван Гал ја понудил својата оставка на менаџерската функција во Манчестер Јунајтед, но истата била одбиена од директорот Ед Вудворд.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Ван Гал, кој успеа да го издржи притисокот во декември кога тимот седум натпревари немаше победа, по поразот од Саутемптон, ја понудил оставката.

Холанѓанецот по мечот на „Олд Трафорд“, кусо искоментирал дека ги изневерил навивачите, а потоа заминал за Холандија на прослава на роденденот на својата ќерка.

Сепак, директорот Вудворд без размислување ја одбил оставката на Ван Гал, со образложение дека не сака на половина од сезоната да го менува менаџерот.

Ван Гал и Вудворд во вторник ќе имаат уште еден состанок, по кој дефинитивно ќе биде позната судбината на холандскиот тренер.

Како што пишуваат англиските медиуми, Ван Гал може и да го преживее вторник, но сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“, доколку Манчестер Јунајтед не успее во петок да го мине Дерби каунти во ФА купот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП