3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го продаде Рамиреш

Челзи го продаде Рамиреш

_87920191_gettyramires

Играчот на Челзи, Рамиреш, кариерата ќе ја продолжи во Кина. Како што пренесе BBC, Бразилецот ќе се пресели во Џангсу Сунинг за сума од 30 милиони евра.

Бразилскиот репрезентативец во Челзи пристигна во 2010 година од Бенфика за 20 милиони евра, а во октомври тој потпиша нов, четиригодишен договор со екипата од „Стенфорд Бриџ“.

Оваа сезона не беше стандарден во тимот, одигра само седум натпревари како стартер, поради што Челзи се реши да го продаде и да заработи на неговиот трансфер.

Џангсу минатата сезона ја заврши на деветтото место во кинеската Суперлига, но оствари историски успех освојувајќи го Купот на оваа земја.

Тренер на Џангсу е легендарниот Романец Дан Петреску, инаку поранешен дефанзивец на Чeлзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП