3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПовлечена 34-та на Шек во Лејкерс

Повлечена 34-та на Шек во Лејкерс

Shaquille O'Neal, Phil Jackson, Jeanie Buss

Првите луѓе на Лос Анџелес Лејкерс одлучија да го повлечат дресот со бројот 34 кој своевремено го носеше Шекил О`Нил. Со овој чекор раководството на „езерџиите“ сакаат да му одадат почит на Шек за неговите игри и резултати кои ги постигна токму носејќи го овој дрес. Свечената церемонија се оддржи на полувремето на натреварот против Далас.

„Тој е најнадарениот примерок  кој го имам видено да ја игра оваа игра. Тоа што го направивме заедно е историја“, изјавил Коби Брајант во видеото за Шек.

О`Нил уште еднаш ја покажа својата величина и ја посвети неговата вечер на починатиот сопственик на Лејкерс, Џери Бас. Популарниот Шек посебно се заблагодари и на најпознатиот и најверен навивач на „езерџиите“, Џек Николсон.

Тој за Лејкерс настапуваше осум сезона во периодот од 1996-та до 2004-та, а екипата во тој период освои три титули во четири финалиња.

„Ова е остварувње на сонот. Ова е благослов. Не го направив ова сам. Имав голема поддршка од соиграчите, одличната организација, семејството Бас и Фил Џексон“, изјавил Шек на конференцијата и додал дека доколку биде избран во Куќата на славните таму ќе отиде како член на Лејкерс.

Неговиот дрес со број 34 ќе виси заедно со дресовите на другите легенди на Лејкерс, како што се Џери Вест (44), Вилт Џембрлен (13), Карим Абдул-Џабар (33), Џејмс Ворти (42), Гејл Гудрих (25), Џамал Вилкс (52) и Меџик Џонсон (32).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП