26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМари избори четвртфинале со Ферер

Мари избори четвртфинале со Ферер

endi-mari

Енди Мари го совлада Бернард Томиќ, избори пласман во четвртфиналето на Австралија Опен, каде го чека Давид Ферер, кој беше подобар од Џон Изнер.

Вториот носител на Грен слемот во Мелбурн, Британецот Мари, седма година во низа ќе игра четвртфинале на овој турнир. Исто така, Мари овозможи Британија по речиси четири децении да има претставници во сингл во машка и женска конкуренција.

Пред Мари, четвртфинале во женска конкуренција обезбеди Џоана Конта со победата над Екатерина Макарова.

Инаку Мари во три сета го победи домашниот фаворит Томиќ (6:4, 6:4, 7:6) и за пласман во полуфиналето ќе игра против Шпанецот Давид Ферер кој, исто така, во три сета славеше над Изнер (6:4, 6:4, 7:5).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП