3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаониќ испиша нова историја на канадскиот тенис

Раониќ испиша нова историја на канадскиот тенис

Raonic

Милош Раониќ, преку Стан Вавринка, избори пласман меѓу најдобрите осум на Австралија Опен и испиша нова страница во историјата на канадскиот тенис. Раониќ, стана првиот Канаѓанец кој четири пати играл во четвртфинале на Грен слем турнирите.

Раониќ, по голема борба која траеше три часа и 45 минути, успеа да слави над шампионот од 2014 година, Вавринка со 6:4, 6:3, 5:7, 4:6, 6:3. Канаѓанецот, кој е роден во Подгорица, мечот против четвртиот носител имаше можност да го заврши во три сета, но со своите грешки му дозоволи на Вавринка да се врати во мечот, но не и да направи целосен пресврт.

Раониќ за пласман во полуфиналето ќе се бори против Гаел Монфилс кој во четири сета 7:5, 3:6, 6:3, 7:6 го победи рускиот тенисер Андреј Кузњецов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП