3 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 25.01.2015

Дневен хороскоп 25.01.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес сте подготвени за предизвици. На деловна сцена ќе одлучите да завртите нов лист и тоа ќе ви донесе позитивни резултати. Во љубовта ќе почувствувате нов наплив на енергија. Некоја нова љубов ќе тропне на вашата врата, а старата ќе ве разочара.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес е можна добивка, немојте веднаш на почетокот да се буните за ситници, бидејќи ќе дадете погрешна слика за себе. Расправиите нема да ви донесат никаква корист, имајте трпение. Во љубовното поле имате преголем број на пребрзи мисли, а ви недостасуваат емоции.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вашата страст ќе ви помогне да го освоите вниманието, иако нема многу да се трудите да го постигнете тоа. Не се обидувајте да контролирате се што се случува околу вас. Денес препуштете и се на забавата. Внимавајте некоја Шкорпија која постојано ви нуди совети, нема добри намери.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе добиете прилика да се докажете пред некој Овен или Лав дека тие треба да ја прифатат вашата понуда, особено кога станува збор за финансиски проект. Се трудите да покажете разбирање за оние со кои работите, но најверојатно ќе барате многу повеќе од нив.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можна е појава на проблеми. Денес нема да биде лесно да излезете на крај со партнерите и блиските пријатели. Можеби сте толку многу лути на некоја личност, па не можете да изустите ни збор. Немојте да се грижите. Времето е на ваша страна. Всушност, правилното темпирање на времето е најважно.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Вашето тело повеќе не може да го издржи напорот. Веројатно вашата работохоличност ќе се одрази на вашата состојба. Поради прекувременото работење, ќе бидете премногу истоштени, а тоа ќе го забележат сите околу вас. Ќе бидете критикувани за постапките.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Премногу се нервирате кога станува збор за ситници. Не е момент да склопувате договори по секоја цена, особено не да потпишувате некои документи. Вашата нервоза е тешко да се поднесе, а ни вие самите не сте свесни што ја предизвикува.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Работете денес беспрекорно и не дозволувајте ниту минимални грешки, бидејќи можат да ја уништат магијата од изминатите денови и да се користи против вас. Насочете повеќе енергија во деловната активност, која е тесно поврзана и со јавна работа. Меѓутоа, целата ви е енергијата да е насочена кон деловниот живот, па блиските ви се во втор план.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во вашиот дом може да влезе нов човек, да ги заборавите вашите проблеми, дури и сте подготвени да ризикувате и пари и да заработите. Невработените, ако сега почнат со работа, или вработените преземат нов ангажман, тој ќе биде исклучително успешен, долготраен и стабилен потфат.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Застанете цврсто денес против газдите и шефовите и побарајте си ги правата. Вашата оптовареност постојано расте, сега е ред и вашата плата да порасне. Ќе водите успешни разговори, ќе склучите цврсти и добри договори, ќе можете да ги заштитите своите позиции.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Напнати сте кога станува збор за случувањата на работа, особено ако чекате некое решение. Опкружени сте со лица кои добро ве разбираат и кои ви даваат корисни совети, што особно се однесува на блиските роднини. Младите членови на вашето семејство се однесуваат бунтовно.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Деловната ситуација се поправа благодарение на вонредните околности, среќата и ненадејните добивки, можно преку партнерот. Имете прилика да си го наплатите долгот. Во љубовта сте полни со недоверба и можеби претерано сомнителни, само врз основа на непроверени вести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП