26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерија А: Јувентус го следи Наполи

Серија А: Јувентус го следи Наполи

juvekuve

Јувентус ја совлада Рома со 1:0, во последниот меч од 21.коло во Серија и го одржа чекорот со лидерот на табелата Наполи. Фудбалерите на Јувентус против Рома, која полека заостанува во трката по местата кои водат во ЛШ, ја забележаа 11-та последовна победа во првенството.

Определбата на Рома да остане непоразена, придонесе натпреварот да мине без некои посериозни прилики за постигнување на гол. Солидни шанси за Јувентус во првото полувреме пропуштија Евра и Погба, а на спротивната страна Флоренци од добра позиција упати непрецизен удар кон Буфон.

Евра, во второто полувреме, ја имаше најсериозната шанса, бекот на Јувентус го загуби дуелот со голманот на Рома, кога излезе сам пред неговиот гол.

Темпото кое го диктираше домаќинот вроди со плод кога Дибала, по асистенцијата, на Погба успеа да го постигне единствениот гол на натпреварот во 77.минута.

На табелата Наполи води со 47 бодови, два повеќе од Јувентус, а Фиорентина и Интер имаат по 41 бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП