6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПримера: Екипите од Севилја „одиграа“ за Барселона

Примера: Екипите од Севилја „одиграа“ за Барселона

sevilja

Севилја и Бетис останаа непоразени во дуелите со тимовите од Мадрид (Атлетико и Реал), во рамките на 21.коло во Примера, по кое Барселона се врати на челната позиција на табелата.

Атлетико, на домашен терен, одигра без голови со Севилја, која последните 25 минути од мечот ги одигра со играч помалку, поради исклучувањето на Витоло. Во моментот кога Витоло го доби вториот жолт картон, жестото протестираше тренерот Унаи Емери, поради што и тој доби црвен картон.

Атлетико доминираше против Севилја, чија определба на „Винсенте Калдерон“ беше да остане непоразена и на крајот успеа да ги оствари своите намери.

‘Јорганџиите’ и покрај теренската доминација не создадоа многу шанси за постигнување на гол, а најсериозната не ја реализира Гризман во 53.минута кога неговиот обид со глава заврши во дирекот.

Бетис и Реал одиграа интересен меч, по кој домаќинот остана непоразен против фаворитот. Реал напаѓаше, го диктираше темпото на играта, создаваше шанси кои не ги реалзириаа Бензема, Хамес Родигез и Роналдо. На крајот ‘кралскиот клуб’ до бод стигна со голот на Бензема постигнат од офсајд.

Претходно Бетис го отвори резултатот во седмата минута, кога Алваро Сехудо го постигна еден од најубавите голови оваа сезона во Примера.

По ова коло во Примера, Барселона, со натпревар помалку, е лидер со 48 бодови колку што има и Атлетико, додека Реал е трет со 44. Наредното коло носи пресметки на релација Барселона-Мадрид: Барселона во дербито ќе го пречека Атлетико, додека Еспањол ќе му гостува на Реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП