18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска 2016: Голманско шоу во Вроцлав, Данска славеше над Шпанија

Полска 2016: Голманско шоу во Вроцлав, Данска славеше над Шпанија

спанија-данска

Две средби во Групата 2 се одиграа во неделата на 12-то Европско првенство во ракомет. Германија ја совлада Русија (30:29) и ги задржа шансите за пласман во полуфиналето, додека во дербито Шпанија загуби од Данска 23:27.

Германија во интересен и до самиот крај неизвесен натпревар успеа минимално да слави над Русија (30:29). Русите беа тие кои подобро влегоа во мечот, создадоа предност од три гола (3:0, 4:1), но Германците со трпелива игра, ја истопија негативата и на полувреме заминаа со гол предност (17:16).

Германија подобро делуваше на теренот и во вториот дел, ги натераа Русите константно да ја бркаат нивната предност, а во последните десет минути влегоа со позитива од пет гола (25:20).

Русија успеа да се врати во натпреварот со серија од 1:6 (26:26), а во последната минута Германија влезе со гол предност (30:29). Германците лошо го организраа својот последен напад, им оставија на Русите 18 секунди, но Житников не успеа да го погоди голот.

Дисингер со седум голови ја предводеше Германија, истот толку погодоци на споритвната страна постигна Дибиров.

Данска и Шпанија одиграа меч кој мина во знакот на голамните Ландин и Штербик. Ландин мечот го заврши о 17 одбрани, а Штербик иамше три повеќе, но и покрај неговата брилијантна партија Шпанија загуби.

Шпанија беше таа која ги контролираше настаните во првото полувреме, на почетокот ‘фуријата’ имаше 3:0 и 6:2. Данска неколку пати успеа да се доближи на негатива од еден гол, но полувремето заврши со 14:11 за Шпанија.

Сигурно делуваше Шпанија и на стартот од вториот дел, ја одржуваше предноста од три гола и не успеа да реализира три напади за плус четири.

Последните 20 минути го решија победникот, Ландин одбрани неколку удари во серија и ја покрена серијата од седум гола на својата репрезентација. Во периодот од 41. до 54.минута, Данска од 16:18, дојде во водство од 23:18 и ја обезбеди победата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП