21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Коста го има рецептот за Арсенал

Диего Коста го има рецептот за Арсенал

diego-kosta

Фудбалерите на Челзи, во лондонското дерби одиграно во 23.коло во Премиерлигата, како гости го совладаа Арсенал со 1:0. Победникот на „Емирати“ го реши Диего Коста со голот во 23.минута.

Челзи на стартот од натпреварот беше тимот кој го диктираше темпото, о без конкретна закана. Патот до победата на Челзи му беше олеснет кога во 19.минута Мертезакер доби директен црвен картон. Германецот, како последен човек во одбраната на Арсенал, од зад грб стартуваше врз Коста.

Предноста од играч повеќе Челзи ја материјализираше во 23.минута, по центаршутот на Ивановиќ, Коста кој просебно реагираше и ја смести топката зад грбот на Чех.

Челзи до крајот на полувремето се обидуваше да ја зголеми предноста, но Чех добро го бранеше својот гол.

Во второто полуврме, играчите на Хидинк му ја препуштија топката на противникот, но Арсенал и покрај поголемиот посед на топката не успеа да го загрози Куртоа.

Аресенал по овој пораз од лидерската падна на третата позиција на табелата со 44 бодови, три помалку од Лестер и ист број на бодови, но полоша гол разлика од Манчестер Сити.

Челзи, ја прекина серијата од два меча без победа и се истакна на 13-то место на табелата со 28 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП